Албанци со бугарска самосвест – и такви имало во Македонија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пробугарска организација со името „Шемето“ регистрирана во Македонија организира средби со потенцијални членови за кои се вели дека се „Албанци со бугарска самосвест“, пренесува Плусинфо.

Невладината организација ,,Шемето” од селото Лабуништа, Струшко, тврди дека во оваа организација членуваат Албанци од Македонија кои имаат бугарска самосвест.

,,Помеѓу 21 и 29 Октомври 2022 година се одржаа средби со идните членови на здружението, вклучително и со Албанци со бугарска самосвест” – се вели во извештајот на организацијата „Шемето“ за минатата година.

Организацијата, која ја формирале жители на селото Лабуништа меѓу другите свои активности информира дека на 30. октомври започнала нова иницијатива на работната група за култура, која има за цел ширење и објавување на анализа за односите меѓу Бугарите и Македонците.

Порталот Охрид скај неодамна објави документ од септември лани со кој се формира здружение на Бугари „Шемето“ од Гостивар. Во актот за основање на здружението како основачи се наведени Бекир Кадриевски, Фети Куртиши, Агим Имеровски, Денис Демишовски и Ремзи Мамуди, сите од Струга.

Новинарот Саше Димовски, кој го сподели документот на Фејсбук, во објавата коментираше:

„Ново здружение со име Бујар Османи!!! Вистински погодок. Ќе одам да се зачленам!“.

Ова е првпат досега, кога се зборуваше за луѓе со бугарска самосвест во Македонија, да се зборува за „Албанци кои имаат бугарска самосвест“.