Алармантна состојба со пожарот кој од пехчевско се префрли кон делчевско


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Огнената стихија која пустошеше кај Пехчево се префрли кон Делчево.

Евакуирани се жителите на селото Нов Истевник-делчевско , поради пожарот кој зафати куќи и штали. Меѓу евакуираните има 8 неподвижни лица. Огнот се шири и кон селото Стар Истевник , од каде исто така се евакуирани жителите. Критично е кај селото Требовиште.

Пожарот е во должина од над 25 километри и ширина од 15 километри а горат над илјада хектари шума, а ветерот постојано го менува правецот и ја носи опасноста од огнот.

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, изјави дека пожарот досега изгорел над 1000 хектари борова и дабова шум. Тој потврди дека веќе има изгорено викендици и куќи.