Алал да им е: Што прават 13 камиони под надвозник на автопат во Мичиген?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Полициските служби од Мичиген, САД, на досетлив и оригинален начин решиле да го спречат самоубиството на еден човек кој сакал да скокне од надвозникот над автопатот 696 во оваа американска држава.

Вторник, во рани утрински часови, сите ленти на автопатот 696 во Мичиген биле празни, а на надвозникот човек се заканува дека ќе изврши самоубиство со скокање врз коловозот. Под надвозникот 13 камиони со приколки се паркирале со цел да го ублажат падот доколку типот реши да скокне.

Дали необичниот потег на полицијата му помогнал на мажот да се откаже од својата намера не се знае, но набргу по наредувањето на камионите тој реши да слезе од работ на надвозникот.