Акција „Бегалец“: Уапсени синовите на Дилавер Бојку – специјалци ги опколиле на влезот во село Велешта


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ербен Бојку и Бесник Бојку, синови на Дилавер Бојку, вечерва се фатени во полициска акција „Бегалец“, пренесува МКД повикувајќи се на свои извори.

Полициски специјалци во соработка со полциски службеници од Одделот за потраги, синоќа, петнаесетина мунити пред 22 часот ги пресретнале браќата на регионалниот пат Струга-Дебар на влезот на село Велешта. И двајцата во себе носеле пиштоли, а како што се пренесува. биле фатени откако биле опколени со возила од полициските службеници кои ја изведоа акцијата за нивно лишување од слобода.

Ербен Бојку се бараше по три централни и една меѓународна потерница по наредба на Основниот суд во Струга за убиство, нелегална трговија со оружје и други кривични дела. Вкупната затворска казна за Ербен Бојку е 21 година. Бесник Бојку е приведен поради поседување на оружје.

Таткото на приведените, Дилавер Бојку – Леку, беше познат осуденик за нелегална проституција во селото Велешта, Струшко.

Во август, 2017 година беше убиен со куршум во глава на плажа во Струга пред својата кафеана во близина на старата автобуска станица.

Повеќе детали за вечерашната полициска акција во која беа приведени две лица, од кои едниот со дебело полициско досије, од МВР најавуваат за утре.