Активизам на дело: Храбра студентка во авион спречи депоратција на маж во Авганистан (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шведската студентка Елин Ерсон во понеделникот успеа со својот граѓански активизам и непослушност да ја спречи депортацијата на 52-годишен Авганистанец од Гетеборг во Авганистан, пркосејќи им на авионските правила за полетување, без притоа да стори правно кривично дело.

Студентката имала информација дека во авионот кој од Шведска треба да патува за Истанбул има авганистански мигрант кој треба да биде депортиран во неговата родна земја, каде што беснее војна, па реши со помош на легитимните граѓански права и методи да се обиде и да инсистира да ја спречи депортацијата.

Таа со својот мобилен во живо ја снимаше целата нејзина акција, пробувајќи да ги натера под притисок авионските служби и екипаж, на чело со пилотот, да го откажат летот доколку човекот кој треба да биде депортиран не биде симнат од авионот заедно со Елин. Тоа го правеше стоејќи простум во авионот, не седејќи на своето место, поради што, според процедурите за полетување, авионот не смее да полета додека сите патници не се на своите места.

Дел од патниците кои беа затекнати од нејзината акција во авионот, заедно со дел од екипажот, негодуваа, но други кога разбраа за што станува збор, отворено ја поддржаа.

Меѓу оние кои ја поддржаа, прв беше еден турски државјанин, а потоа и шведскиот фудбалски тим кој требаше да патува во Истанбул на подготовки.