Актерот Владо Дојчиновски: Никогаш Северна, секогаш Македонија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако актерската легенда Шенка Колозова застана во владината кампања за преименување на Македонија, нејзиниот помлад колега Владо Дојчиновски самоиницијативно упати сосема спротивна порака:

„Мене, по мое убедување и пред мене, совеста ќе ми остане чиста, бидејќи нема да бидам дел од прекрстувањето на Македонија. нема да бидам дел од уништувањето на Македонија. Ќе останам со почит кон предците кои се бореле за Македонија. Нема да им го одземам правото на моите деца да растат во земја што се викала Македонија, се вика Македонија и по Божја волја, се надевам, ќе се вика Македонија. Затоа, јас ќе бојкотирам. Никогаш Северна, секогаш Македонија! Да ни живее Македонија. Бојкотирам!“, порача актерот Дојчиновски.