Home Шоубизнис Актерот пресреќен: Кили и Гордана за прв пат ќе станат дедо и баба

Актерот пресреќен: Кили и Гордана за прв пат ќе станат дедо и баба

Актерот Кирил Поп Христов – Кили и неговата сопруга, Гордана Деан Поп Христова за прв пат ќе станат баба и дедо со внуче од нивната ќерка Јоана Деан Поп Христова.

Јоана и нејзиниот сопруг, Роздригез Сориа, бармен од Монтанита, Еквадор, ќе станат родители, а веста за нивната принова ја сподели Гордана на социјалните мрежи, која објави и фотографии од венчавката на младите. Таа веќе подолг период живее со ќерката Јоана во Еквадор.

Заедно со Кили тие се преселија во гратчето Олон во 2014 година, но по три години Кили се врати во Скопје. Ретко дава интервјуа, а последната информација е дека престојува во Австрија. На својот Фејсбук профил и тој се огласи по повод радосниот настан.

„Ете, го доживеав и ова… Совршено сум пресреќен затоа што им ја гледам љубовта како дури и прекипува. Колку е тоа прекрасно кога сакаш! И знаеш да сакаш! Бебето ќе биде маестрален производ на тоа силно сакање“ – порача актерот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Ника Тошиќ разочарана од оние што најмногу ги сакаше: Мислевте дека не знам што зборувате зад мојот грб

Ника Тошиќ разочарана Ника Тошиќ се разочарала во оние на кои им верувала и со кои била бл…