Home Живот и здравје Ако заспивате вака – си правите лошо за здравјето

Ако заспивате вака – си правите лошо за здравјето

Читањето електронска книга пред спиење предизвикува лош сон, па дури и му штетите на здравје на човекот, предупредуваат американски лекари.

Истражувачки тим од Универзитетот Харвард ги споредил ефектите од читање класична книга и е-читач пред спиење и открил дека корисниците на електронските апарати со позадинско светло потешко заспиваат, немирно спијат и наутро се будат поуморни.

Имено, сината светлина која ја емитуваат паметните телефони, таблетите и ЛЕД осветлувањето може да го наруши внатрешниот часовник кај човекот. Оваа светлина навечер може да го забави или пак да го спречи производството на хормонот мелатонин.

– Докажано е дека недостигот на сон ја зголемува опасноста од кардиоваскуларни болести, од дијабетес, рак и дебелеење. Наш совет до луѓето е што помалку да користат е-читачи навечер, а тоа посебно се однесува на тинејџерите кои многу често ги користат мобилните телефони и таблетите до доцна во ноќта, изјави шефот на истражувачкиот тим, професор Чарлс Зајслер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …