Ако ви е доста од луѓе на социјалните мрежи, вклучете се платформа со роботи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ботнет“ е симулација на социјална мрежа во која оној кој ќе се вклучи ќе биде единствениот човек во море од роботи за кои може да биде сигурен дека нема да му досадуваат со муабети и слични.

Кога ќе ја преземете апликацијата, влегувате во измислен свет во кој сте најпопуларен корисник и единствен човек. Апликацијата е комбинација од три апликации: изгледот на „Фејсбук“, системот за коментирање на „Инстаграм“ и анархијата на „Твитер“.

Според нејзините креатори, кога објавувате нешто, сите коментари што ќе ги добиете се од роботи кои се научени да коментираат според илјадници „вистински разговори“. Може да купите робот за еден долар кој ќе ви коментира. Роботите може да користат и емотикони.

Целта на овие роботи е да се чувствувате дека комуницирате, но всушност вашите објави остануваат за вас како одредена форма на личен дневник.