Home Спорт Ако Озил и Санчез заминат, Венгер има спремен нов тандем!

Ако Озил и Санчез заминат, Венгер има спремен нов тандем!

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер пронајде замена за клучните фудбалери во тимот Алексис Санчез и Месут Озил, доколку двајцата се одлучат да не го продолжат договорот со „топџиите“.

Имено, станува збор за Дмитри Паје од Вест Хем и Марко Ројс од Борусија Дортмунд, во кои Венгер гледа одлична замена за дуото Озил – Сачез.

Марко Ројс е означен како примарна мета на Арсенал во случај на заминување на било кој од споменатите двајца фудбалери. Германецот има договор со Дортмунд до 2019 година, но се чини дека е спремен да предизвикот наречен Премир лига.

Дмитри Паје е исто така многу реална мета бидејќи самиот јавно потврди дека сака да ја промени средината, па јасно е дека Вест Хем нема да може да го задржи.

Договорите на Санчез и Озил истекуваат во 2018 година, па доколку до јуни не стават потпис на нови договори клубот од „Емирати“ сигурно ќе се одлучи да ги продаде.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…