Home Актуелно „Ако јас како мајка, како домаќинка, сопругот не ми дава пари, швалерот не ми дава пари…“ – премногу искрено, советничке (снимка)

„Ако јас како мајка, како домаќинка, сопругот не ми дава пари, швалерот не ми дава пари…“ – премногу искрено, советничке (снимка)

Со 15 гласа “за“ и 12 “против“ советниците во скопската општина Аеродром ја изгласаа одлуката за издавање обврзница од околу 5,4 милиони евра за реализација на капитални проекти во општината. Изостана поддршката од советниците од СДСМ и од Левица, кои сметаат дека општината ќе мора да отплаќа камати на овој кредит.

На социјалните мрежи стана вирално видеото на кое советничка од ВМРО – ДПМНЕ бранејќи ја одлуката на градоначалникот Тимчо Муцунски од говорницата рече: „Ако јас како мајка, како домаќинка, сопругот не ми дава пари, швалерот не ми дава пари, па мора да се задолжам…“

Инаку парите треба да се искористат за доградба на основното училиште „Блаже Конески“, надградба на училиштето „Гоце Делчев“, изградба на градинка „Буба Мара“ клон на „Пчела 1“, изградба на нова градинка и кофинансирање на градинка со Министерство за труд и социјална политика. Со парите, исто така, партерно ќе се уредува и осветлува дворот на училиштето „Димитар Македонски“, ќе се уреди плоштад зад ТЦ „Капитол“, се предвидува изградба на паркинг, како и на сервисни улици, водоснабдување, атмосферска и фекална канализација.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Донатела Версаче: Нова ера за модната куќа Версаче по 28 години

“`html Модната куќа Версаче започнува ново поглавје по заминувањето на Донатела Верс…