Home Живот и здравје Ако дождот ви мириса убаво, не сте единствени – еве ја причината за тоа чувство

Ако дождот ви мириса убаво, не сте единствени – еве ја причината за тоа чувство

Уживате во мирисот на свежината по пролетен дожд? Не сте единствени. Но, што го предизвикува тоа пријатно чувство, прашува Live Science.

Постојат неколку мириси, предизвикани од дождот, кои им се пријатни на луѓето. Еден од нив се појавува токму кога дождот паѓа првпат по подолга суша. Тогаш се случува хемиска реакција, која првпат е идентификувана во 1964 година од двајца австралиски научници.

Се претпоставува дека во сушниот период, некои растенија испуштаат масни екстракти во воздухот. Освен тоа, можно е мирисот да се должи и на одделувањето на супстанции произведени од една бактерија што вирее во почвата.

Друг аромат, кој се јавува по дождот, е оној на озонот. Се претпоставува дека грмотевиците и молљите можат да ги издвојат кислородните и азотните молекули во атмосферата и тие одново да се соединат како азотен оксид. Оваа субстанција доаѓа во допир со други хемикалии во атмосферата создавајќи силен мирис, што наликува на оној на хлорот.

Така, кога некој ќе рече дека „му мириса“ дека наскоро ќе врне, всушност му мириса на „новоформираниот“ озон, кој доаѓа релативно поблизу.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …