Home Актуелно Ахмети апелира: Тие што вчераа немаа храброст, а сакаа да гласат „за“, нека се придружат во понатамошните фази!

Ахмети апелира: Тие што вчераа немаа храброст, а сакаа да гласат „за“, нека се придружат во понатамошните фази!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети изрази благодарност кон 80те пратеници кои вчераа го дадоа својот глас „за“, за уставни измени.

Ахмети меѓудругото, ги повика и останатите пратеници кои сакале да гласаат „за“, но немале храброст, да ја искажат истата во понатамошните фази од процесот.

„Тие 80 пратеници што гласаа за, но и тие кои што се воздржаа од гласање, знаат многу добро дека само овој пат ни носи стабилен мир, добри меѓуетнички и добрососедски односи, системски реформи, правна држава и владеење на правото, еднаквост и заокружување на Охридскиот Договор, економски развој, повеќе работни места, странски и домашни инвестиции и општествена благосостојба“, истакна предводникот на ДУИ, Ахмети.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…