Home Актуелно Агробизнис комората бара од државата да откупи 50.000 тони пченица за да не поскапи лебот

Агробизнис комората бара од државата да откупи 50.000 тони пченица за да не поскапи лебот

Сушата и недоволната примена на агротехнички мерки од земјоделците двојно ќе ги намалат приносите од пченица годинава. Пред стартот на жетвата се очекуваат катастрофални резултати споредено со минатата година.

Затоа Агро бизнис комората при ССК бара државата да откупи околу 50 000 тони пченица по минимална цена од 12 денари за килограм . На овој начин велат ќе се реши проблемот со откупот и ќе се зголеми интересот за претстојната сеидба. Друга мерка е државата да ги субвенционира оние млинарско пекарски капацитети  кои ќе ја лагеруваат односно сместат пченицата во нивните празни простории.

Ако се остварат прогнозите за жетвата очекувано е да се зголеми и увозот на пченица, кој пак ќе повлече пораст на цените на финалните производи.

Поради очекуваното намалено домашно производство на пченица можно е да има зголемување на цената на лебот и другите пекарски производи.

Минатата недела земјоделците се изјаснија дека ако годинава откупната цена на житото  биде на ланското ниво  кога килограм се откупуваше од 3 до 5 днеари, ќе го преполоват производството или веќе нема сејат пченица.

Лани жетвата беше една од најуспешните досега. Родот тежеше 306 000 тони или 60 % повеќе  во споредба со претходната жетва 2015.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…