Home Актуелно Агелер официјално положи заклетва за американска амбасадорка во Македонија

Агелер официјално положи заклетва за американска амбасадорка во Македонија

На посебна церемонија во американскиот Стејт департмент, новата амбасадорка на САД во Македонија, Анџела Агелер, ја положи официјалната дипломатска заклетва, соопшти на Твитер профилот Американската амбасада во Скопје.

Агелер е дипломатка од кариера на Високата служба за надворешни работи, а до неодамна беше заменик-шеф на мисијата на САД во Пакистан каде што служеше и како привремена в.д. амбасадорка.

Во нејзината кариера претходно работела како советник за односи со јавноста во амбасадата на САД во Париз, а работела и во Њу Делхи, Ханој и Вашингтон.

Во својата богата диломатска кариера Агелер работела и во Скопје, како дел од тимот за односи со јавност во американската амбасада. Таа зборува и македонски јазик, а знае и француски и малку хинди.

Таа во земјава доаѓа на местото на досегашната амбасадорка Кејт Мери Брнз.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…