Аферата со затруен шеќер и мито ги тресат кенискиот парламент и влада


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кенијците се огорчени и револтирани поради сознанието дека нивните пратениците земале мито со цел да ја прикријат истрагата за трговијата со шеќер, во која се вклучени и членовите на владата.

Првично е измислен недостиг од шеќер а потоа увезен затруен шеќер од Бразил, јави Дојче веле.

Професорот по економија на Универзитетот во Најроби, Самјуел Нјандемо го нарече „катастрофа“ одбивањето на Парламентот да побара истрага против министерот за финансии Хенри Ротич и министерот за заедници во источна Африка, Адан Мохамед, поранешен министер за трговија во врска со нивните улоги во увозот на затруен шеќер од Бразил во минатата година.

Самјуел вели дека постојат доволно докази дека пратениците земале мито да прикријат истрага, и дека голем број парламентарци кои не сакале да земат мито, отворено изјавиле дека виделе примање мито.

За да се реши наводниот недостиг од шеќер министерот за финансии Ротич минатата година давал на главни трговци одобрување за увоз на која било количина. Тоа довело до вишок од 450.000 тони, и неповолно влијание врз производителите на шеќер и локалната индустрија за шеќер.

Според Дојче веле, кенискиот проблем се проширил и на соседни држави.

Минатата недела состанок имале претседателите на Уганда и на Танзанија за да се реши спорот за шеќерот увезен во Танзанија од Уганда и притоа истакнале дека Кенија е виновникот за нивниот проблем.

Увезвениот шеќер потекнувал од Кенија и бил само препакуван во Уганда и испратен за Танзанија. Истовремено се стравува дека тоа е истиот шеќер од Бразил што не бил за употреба.