Home Спорт Адеми повторно тренира со Динамо: Го поминав најлошото, но не ме уби!

Адеми повторно тренира со Динамо: Го поминав најлошото, но не ме уби!

Македонскиот репрезентативец и бивши капитен на Динамо Загреб, Аријан Адеми денес ќе го одработи првиот тренинг со тимот после скоро две години.

Адеми беше суспендиран поради позитивен допинг тест после натпреварот со Арсенал во Лигата на шампиони. Првичната казна од четири години му беше намалена на две од страна на Соптскиот арбитражен суд, што значи дека во октомври ќе може да се врати на терен, а пред тоа може да започне да тренира со тимот.

„Изгубив две години од кариерата, можеби и најдобрите играчки години, и тоа никој не може да ми го врати. Меѓутоа, не размисливам повеќе за тоа, тоа може да ме убие, гледам само во иднината. Фудбалски загубив многу, но пораснав како човек и ме задоволуваат некои други работи во животот“.

„Едноставно си поставуваш поинакви цели, цениш некои ситници кои порано не си ги ценел. Меѓутоа, сето ова не ме уби, туку само ме засврсти. Запознав нови луѓе, нови пријатели, созреав како човек и тоа на крајот е најголема добивка“, изјави Адеми.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…