Хила Клајн (38) објави дека се повлекува од „Х3 подкаст“, во период кога се разведува од сопругот и соводител Итан Клајн, кого јавно го обвини дека ја изневерувал.
„Многу ми е жал што морам да споделам дека донесов тешка одлука да престанам да работам на новата емисија“, напиша таа во соопштението.
„Ќе ми недостигате сите повеќе отколку што можам да опишам со зборови. Ви благодарам за сета љубов и поддршка низ годините“, порача Хила на крајот.
На 23 октомври, Хила во објава на Инстаграм го обвини Итан (41) дека имал шестмесечна афера. По обвинувањата, „Х3 подкаст“ замина на пауза на неодредено време.
Тогаш Итан изјави дека работи со Хила за итно да се повлече од сопствеништвото и од финансиските удели во сите подкасти и други заеднички проекти создадени преку нивната продукциска компанија „h3h3 Productions“.
На 13 ноември, Хила и дел од екипата на „Х3 подкаст“ споделија фотографија на Инстаграм од тимски состанок. Со тоа навестија дека подготвуваат нова верзија на подкастот, без Итан.
Речиси еден месец по првичните обвинувања за аферата, на 18 ноември Хила објави 30-минутно видео на Јутјуб во кое подетално зборуваше за наводното неверство на Итан.
„Ова е човек со кого сум во врска 20 години, од мојата 19-та година, и мислев дека го познавам подобро од кој било друг. … Кога дознав, како целиот живот да ми се распадна пред очи. Како да ми исчезна тлото под нозете. Одеднаш сфатив дека овој човек ме лажел секој ден“, рече таа.
„Сега се чувствувам како воопшто да не го познавам. Кој е овој човек? Се разведувам од Итан. Треба да сфатам како ќе изгледа мојот живот. Како заедно ќе ги одгледуваме децата кога не можам ни да го погледнам, ни да разговарам со него? Каде ќе живеам? Што ќе се случи со мојата кариера, со мојата работа, со вработените за кои сум одговорна?“, додаде Хила.
Извор: US Weekly