
Џенифер Лоренс, се чини, одговори на гласините дека повторно се подложила на естетска операција, овојпат на очните капаци.
Изгледот на очите на 36-годишната оскаровка поттикна дискусии на интернет, а дел од корисниците се посомневаа дека направила блефаропластика.

Што е блефаропластика?
Според клиниката „Мајо“, блефаропластиката, која разговорно се нарекува и „блеф“, е хируршка интервенција со која се отстранува вишокот кожа од очните капаци.
Некои познати личности јавно признале дека ја направиле оваа интервенција, но Лоренс досега не се огласуваше на таа тема.

Во понеделникот, на 23 ноември, актерката сподели стори на Инстаграм од шминкерката Шејна Голдберг, која прикажуваше нови производи на Mes.
Над фотографијата, Џенифер напиша: „Кој знае, знае — таа ми ја направи блефаропластиката“.
Со шеговитата порака, Лоренс, се чини, навести дека изгледот на нејзините очи се должи на шминката, а не на пластична операција.
Иако со оваа објава навидум ги негира гласините за блефаропластика, актерката неодамна потврди дека направила операција за зголемување на градите и ја откри големината на имплантите.
Извор: Just Jared