Home Шоубизнис Крис Колумбус не знаел за новиот „Сам дома“: „Кетрин О’Хара беше половина од филмот“

Крис Колумбус не знаел за новиот „Сам дома“: „Кетрин О’Хара беше половина од филмот“

Режисерот Крис Колумбус и актерката Кетрин О’Хара

Се подготвува нов филм од серијалот „Сам дома“, во кој Маколи Калкин треба повторно да се појави како Кевин Мекалистер.

Но, режисерот на оригиналниот филм, Крис Колумбус, не знаел дека се работи на продолжение, според извори што биле во контакт со „Вараети“.

Само неколку минути пред да биде објавена веста од „Дизни“, Колумбус изјавил за „Вараети“ дека не смета оти би можел да се сними нов „Сам дома“ без Кетрин О’Хара. Во филмот од 1990 година таа ја играше Кејт, мајката на Кевин. Актерката почина на 30 јануари 2026 година, на 71-годишна возраст.

По објавувањето на веста, „Вараети“ повторно го контактирал режисерот, но тој одбил дополнително да коментира.

Кетрин О’Хара и Маколи Калкин на холивудската Патека на славните

„Кетрин, како што отсекогаш велев, е 50 отсто од ‘Сам дома’“, изјавил Колумбус. „Јин и јанг на ‘Сам дома’ се Кетрин О’Хара и Маколи Калкин. Без нив двајца нема филм, бидејќи токму тие го создаваат неговото емотивно јадро.“

Новиот проект е во рана фаза на развој во „Твентиет сенчури студиос“, студиото во сопственост на „Дизни“. Сет Роген и неговиот долгогодишен сценаристички и продуцентски партнер Еван Голдберг се ангажирани како сценаристи и продуценти. Филмот ќе се развива врз основа на идеја на Калкин.

Актерот претходно ја сподели својата замисла за уште еден филм: Кевин би бил разведен маж или вдовец, а овојпат би морал да се справува со сопствениот син.

Во серијалот „Сам дома“ досега се снимени уште четири филма без Калкин. Најновиот, „Home Sweet Home Alone“, беше објавен на „Дизни+“ во 2021 година.


Извор: Just Jared

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Меланија Трамп за советите што му ги дава на Барон за љубовниот живот

Меланија Трамп проговори за советите што му ги дава на својот 20-годишен син Барон, за нив…