
Том Хидлстон и Хејли Атвел ја одбележаа премиерата на својата нова претстава на Бродвеј со поддршка од своите партнери.
Актерите познати по улогите во продукциите на Марвел добиваат одлични критики за настапите во новата поставка на Шекспировата „Многу врева за ништо“. Премиерата се одржа во четвртокот, на 19 ноември, во театарот „Винтер гарден“ во Њујорк.
На црвениот тепих, Хидлстон беше во придружба на својата партнерка Зави Ештон, додека Атвел пристигна со сопругот Нед Волфганг Кели.

Том Хидлстон и Зави Ештон

Хејли Атвел и Нед Волфганг Кели
За што раскажува „Многу врева за ништо“?
Во средиштето на приказната се Беатриче и Бенедикт, кои никако не се согласуваат. Нивните пријатели, пак, ги здружуваат силите за да ги натераат да се вљубат еден во друг.
Претставата ќе се изведува на Бродвеј до 10 јануари. Режијата е на Џејми Лојд, кој ја режираше и неодамнешната лондонска поставка со истата актерска екипа.


Мејсон Александар Парк во улогата на Маргарет
Мејсон Александар Парк, најпознато појавување во серијата „The Sandman“ на Нетфликс, ја толкува улогата на Маргарет. На црвениот тепих вниманието го привлече со впечатлива модна комбинација целосно во црно.
На премиерата присуствуваа и многу други познати личности.

Извор: Just Jared