Home Живот и здравје Здолништа и чизми: елегантни комбинации за на работа во студените денови

Здолништа и чизми: елегантни комбинации за на работа во студените денови

Со доаѓањето на студените денови, здолништата не мора да останат заборавени во плакарот. Иако најчесто ги врзуваме со пролетта и летото, со соодветни материјали, потопли горни парчиња и чизми тие се одличен избор и за есен и зима. Волнените, плисираните, сатенските и кожените модели лесно се вклопуваат во секојдневната гардероба, а со ролка, џемпер или класична кошула добивате изглед соодветен и за работното место.

Во актуелната понуда на популарните модни брендови има здолништа што може да се носат во месеците што следуваат. Од класични кроеви и карирани дезени до повпечатливи модели со интересни принтови, изборот нуди инспирација за различни деловни комбинации со чизми.

Здолниште во комбинација за на работа

@annabelrosendahl

Здолниште во комбинација за на работа

@annabelrosendahl

Здолништа за на работа што се носат со чизми оваа зима

Волнени здолништа: класичен избор за студените денови

Кога температурите се спуштаат, волнените здолништа се меѓу попрактичните парчиња за деловно облекување. Покрај тоа што одговараат на студеното време, нивната текстура и класичните кроеви внесуваат елеганција во изгледот. Особено убаво изгледаат моделите со рамен крој или со благо проширување кон долниот раб, во неутрални бои како сива, црна, темносина и беж. За на работа комбинирајте ги со кошула, тенка ролка или џемпер од фино плетиво, а изгледот заокружете го со чизми до колена. За поопуштена варијанта одговараат рамни чизми и едноставен џемпер, додека за поформални пригоди може да изберете чизми со потпетица.

Волнено здолниште во деловна комбинација

@patriciawirschke

Здолниште за на работа од Reserved

Reserved

Здолниште за на работа од Reserved

Reserved

Здолниште за на работа од Zara

Zara

Плисирани здолништа за зимски деловен изглед со стил

Плисираните здолништа одамна се дел од деловната гардероба и оставаат простор за многубројни комбинации. Нивните набори внесуваат динамика и во наједноставниот изглед, а материјалот и должината одредуваат дали ќе делуваат поелегантно или полежерно. За во канцеларија особено лесно се комбинираат миди-моделите во црна, сива, кафеава или бордо боја. Носете ги со едноставна кошула, џемпер или кардиган, а за студените денови дополнете ги со чизми до колена.

Плисирано здолниште во комбинација за на работа
Здолниште за на работа од Reserved

Reserved


Извор: Lepota i Zdravlje

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

За убаво обликувани локни, не прескокнувајте ја пената за коса

Лесните, еластични локни со природен волумен најчесто се резултат на внимателно избрана не…