Home Шоубизнис Џенифер Лоренс откри со кого ѝ бил најубав филмскиот бакнеж: Вака рангираше петмина колеги

Џенифер Лоренс откри со кого ѝ бил најубав филмскиот бакнеж: Вака рангираше петмина колеги

Џенифер Лоренс

Џенифер Лоренс откри кои колеги најдобро се бакнуваат пред камерите. Оскаровката низ годините снимила љубовни сцени со повеќе познати актери, а Енди Коен во новото интервју за Watch What Happens Live побара од неа да рангира петмина од нив.

Актерката гостуваше во емисијата на „Браво“ во четвртокот, на 19 ноември, заедно со Џош Хачерсон, по повод враќањето на филмскиот серијал „Игрите на гладните“.

Требаше да избере меѓу Лијам Хемсворт, Бредли Купер, Џош Хачерсон, Крис Прат и Тимоти Шаламе и да ги подреди од најдобар до најлош според филмските бакнежи.

„Сите беа толку прекрасни“, се пошегува Лоренс со саркастичен тон, пред да го открие својот избор.

Џенифер Лоренс и Џош Хачерсон

1. Џош Хачерсон — најдобар

Првото место му припадна на Хачерсон, со кого Лоренс играше во трите филма од „Игрите на гладните“. Таа ја толкуваше Кетнис, а тој Пита.

Џенифер Лоренс и Лијам Хемсворт

2. Лијам Хемсворт

Втор на листата е Хемсворт, исто така нејзин колега од „Игрите на гладните“, каде што го играше Гејл.

Џенифер Лоренс и Бредли Купер

3. Бредли Купер

Лоренс и Купер се појавиле заедно во четири филма. За улогата покрај него во Silver Linings Playbook од 2012 година таа доби Оскар. Потоа повторно соработуваа во American Hustle од 2013, Serena од 2014 и Joy од 2015 година.

Тимоти Шаламе

4. Тимоти Шаламе

На четвртото место го стави Шаламе, со кого соработуваше на филм на „Нетфликс“ од 2021 година.

5. Крис Прат — последен на листата


Извор: Just Jared

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Мајката на Кен Уркер: Раскинувањето и суровите напади на интернет тешко му паѓаа пред смртта

Раина Уркер проговори за последните денови на својот син Кен. Во интервју за ТМЗ рече дека…