Ана Рајковиќ и нејзиниот сопруг Предраг деновиве направија пауза од секојдневните обврски и отпатуваа на една од најлуксузните егзотични дестинации на Црвеното Море.
Брачната двојка ужива во идилично опкружување, а фотографиите што ги споделија со своите следбеници на социјалните мрежи прикажуваат пејзажи што изгледаат речиси нереално.

Ана и Предраг се сместени во луксузен еколошки комплекс со пет ѕвезди на приватниот остров Шејбара, во заштитената лагуна Ал Ваџх, околу 500 километри северно од Џеда.
Тиркизното море, долгите песочни плажи и недопрената природа, заедно со необичната архитектура на луксузните објекти за сместување, го создаваат амбиентот за нивниот одмор.

Според фотографиите што Ана ги објави на Инстаграм, двајцата уживаат во секој миг од патувањето.
Овојпат заминаа без децата за да си посветат време еден на друг, а романтичните кадри покажуваат дека сè уште се вљубени.
Ана и Предраг Рајковиќ се заедно девет години
Нивната љубовна приказна трае речиси цела деценија. Низ годините си се голема поддршка, а заедничкиот живот им донесе многу промени, патувања и предизвици поврзани со професионалната кариера на фудбалерот.
Денес се посветени родители на три деца. Иако поради фудбалските ангажмани на Предраг често се селат и се приспособуваат на животот во странство, семејството секогаш им е на прво место.
Голманот веќе подолго време живее со семејството во Саудиска Арабија, каде што ја продолжува професионалната кариера. Ана често споделува моменти од нивното секојдневие на социјалните мрежи, покажувајќи колку ѝ значи времето поминато со сопругот и децата.
Сепак, овојпат решија накратко да ги остават родителските обврски и да уживаат во денови резервирани само за нив двајца. Фотографиите од островот предизвикаа многубројни реакции, а следбениците беа воодушевени и од пејзажите и од вљубените погледи што Ана и Предраг си ги разменуваат по толку години заеднички живот.
Извор: Story.rs