Home Шоубизнис На Расел Бренд може да му биде продолжена затворската казна по пораката дека не е виновен

На Расел Бренд може да му биде продолжена затворската казна по пораката дека не е виновен

На Расел Бренд може да му биде продолжена затворската казна поради порака во која тврди дека не е виновен за силување и сексуален напад. Британските власти истражуваат дали осудениот комичар и водител ги прекршил затворските правила со тоа што неговата сопруга Лора јавно ја прочитала неговата изјава во неделата, на 15 ноември.

„На затворениците строго им е забрането да даваат изјави што ги вознемируваат жртвите, а комуникацијата со медиумите е дозволена само во исклучителни околности“, изјави портпарол. „Затворениците не можат да ги заобиколат овие правила така што некој друг ќе ги објави нивните коментари.“

Според веб-страницата на британската влада, затворениците што ги прекршуваат затворските правила може да бидат казнети со останување во ќелијата до 21 ден или со додавање до 42 дена на првичната затворска казна, а можно е да им бидат изречени и двете мерки. Може да изгубат и одредени привилегии, на пример да им биде одземен телевизорот од ќелијата.

Бренд беше прогласен за виновен по една точка за силување и три точки за сексуален напад во лондонскиот суд Саутарк на 5 ноември. На 9 ноември му беше изречена затворска казна од десет и пол години.

Во пораката што во неделата ја прочита неговата сопруга Лора, која има 39 години, Бренд наведе дека се наоѓа во затворот Литлхеј во Кембриџшир, Англија.

Сопругата на Расел Бренд, Лора Галагер, по пресудата за силување и изрекувањето на затворската казна

Осврнувајќи се на името на затворот со игра на зборови на англиски, тој рече: „Литл како мало, а хеј како: ‘Еј, јас сум во најголемиот затвор за сексуални престапници во Европа’. Добрата вест е што веќе видов дека вработените тука се силни, љубезни и посветени. А што се однесува до другите затвореници, сега знам дека не сум во позиција никого да осудувам.“


Извор: US Weekly

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Познато е кога се отклучува „ГТА 6“: Играњето почнува на 19 ноември на полноќ

„Гранд тефт ауто VI“ пристигнува на 19 ноември, а играчите на Плејстејшн 5 и Иксбокс сериј…