Home Шоубизнис Од вирални настапи во салони на „Тојота“ до прва номинација за Греми: Успехот на Кара Пејџ

Од вирални настапи во салони на „Тојота“ до прва номинација за Греми: Успехот на Кара Пејџ

Кара Пејџ ја доби првата номинација за Греми

Кара Пејџ за првпат е номинирана за Греми, речиси пет години откако нејзината песна „Ur Toyota Tacoma“ стана вирална.

На само 21 година, пејачката самостојно ја објави песната на стриминг-платформите, а потоа смисли необичен начин да ја промовира: ги посетуваше сите локални продажни салони на „Тојота“ што можеше да ги најде и им ја пееше на вработените. Тогаш велеше дека целта ѝ е песната да заврши во реклама за автомобилскиот бренд.

Тоа не се случи, но нејзиниот сон за музичка кариера сепак се остварува.

Пејџ сега доби номинација за Греми во категоријата најдобар албум со традиционална госпел-музика, за „Light. Hope. Faith.“, кој го објави независно.

„Номинирана сум за Греми. Сè уште ми изгледа нереално. ‘Light. Hope. Faith.’ и официјално е номиниран за најдобар албум со традиционална госпел-музика“, напиша таа на Инстаграм. „Јас сум независна изведувачка. Зад овој албум не стои издавачка куќа. Тука сме јас, луѓето наведени подолу и сите што го пуштија да го слушнат. Тоа е сè.“

Таа им се заблагодари и на членовите на Академијата за дискографски уметности и науки што го поддржале албумот.

„До секој член на Академијата што го слушнал албумов и одлучил дека заслужува место тука: немам зборови со кои би ја изразила благодарноста. Цело утро се обидувам да ги најдам. Ви благодарам што слушнавте едно независно издание и му дадовте простор“, порача Пејџ.

„Моето семејство го преживеало Холокаустот. Мајка ми дошла во оваа земја од Јужна Африка. Пораснав знаејќи дека надежта не е само утешен збор. Таа е нешто што луѓето го носат низ мракот и му го предаваат на следниот човек. Со овој албум јас ви ја предавам вам.“


Извор: Just Jared

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Хари и Меган без покана за божиќниот концерт на Кејт Мидлтон, пишуваат британските медиуми

Принцот Хари и Меган Маркл наводно не се на списокот гости за традиционалниот божиќен конц…