Home Шоубизнис Саша Ковачевиќ стана татко: Беше покрај Зорана при раѓањето на нивниот син

Саша Ковачевиќ стана татко: Беше покрај Зорана при раѓањето на нивниот син

Саша Ковачевиќ и неговата партнерка Зорана Тасовац денес имаат голема причина за радост. Пејачот стана татко, откако Зорана роди здраво момче. Ова е нивното прво заедничко дете.

Ковачевиќ бил покрај Зорана за време на породувањето, давајќи ѝ поддршка во еден од најемотивните моменти во нивниот заеднички живот. Тој и претходно зборуваше колку му е важно да присуствува на раѓањето на своето дете и да биде дел од неговиот живот уште од првите секунди.

Саша Ковачевиќ

Веста за бебето доаѓа по неколкуте изјави на Саша за возбудата со која ги минувале последните денови од бременоста на неговата партнерка. Не криеше дека со нетрпение го очекува татковството, а во еден од последните разговори откри дека подготовките за доаѓањето на бебето се во полн ек.

Сè уште немале конечна одлука за името

Во неодамнешното гостување во емисијата „Ексклузив“, Ковачевиќ кажа дека со Зорана размислуваат за неколку имиња за синот, но дека сè уште не избрале едно.

Саша Ковачевиќ

– Долго работевме на тоа. Не е дека преку ноќ станавме родители. Сè уште не знам какво е чувството. Сè уште ми изгледа некако нереално, би рекол. Сега по цел ден си играм со него. Ако не стане гимнастичар, не знам што ќе биде – раскажа тогаш Саша.

Зборувајќи за породувањето што претстоеше, тој посебно истакна дека сака да биде покрај партнерката и да ѝ даде поддршка.

– Сакам да бидам таму, и како поддршка, но и за да ги почувствувам убавините на татковството од првата секунда кога ќе дојде на свет – рече пејачот.

Откри и дека при изборот на клиниката им било важно таа да биде блиску до нивниот дом, за сè да биде поедноставно кога ќе започне породувањето.

Со раѓањето на синот, за Саша и Зорана почнуваат првите заеднички родителски денови, исполнети со нови чувства и радост. Името на момчето засега не е објавено.


Извор: Story.rs

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Кајли Џенер и Тимоти Шаламе рака под рака на Гувернерските награди 2026

Кајли Џенер и Тимоти Шаламе пристигнаа држејќи се за раце на Гувернерските награди 2026. Н…