Home Шоубизнис Сека Алексиќ им одговори на жените што ја критикуваат: „Сега кога изгледам подобро од нив, ништо од солидарноста“

Сека Алексиќ им одговори на жените што ја критикуваат: „Сега кога изгледам подобро од нив, ништо од солидарноста“

Сека Алексиќ во последно време е во центарот на вниманието поради промената на изгледот, откако успеа да ослабе 22 килограми. Покрај бројните комплименти, пејачката добива и негативни коментари, а забележала дека најчесто ја критикуваат жени.

Сека Алексиќ

Во гостување во емисијата „IDJ after show“ на телевизијата Блиц, таа зборуваше за промените што ги направила и за реакциите со кои секојдневно се среќава на социјалните мрежи.

Како што објасни, зад нејзиниот нов изглед стојат поинаков начин на исхрана, редовни тренинзи и терапија што ја почнала откако ѝ била дијагностицирана инсулинска резистенција.

– На преглед кај ендокринолог открив дека имам инсулинска резистенција. По анализите на крвта, докторката ми препорача лек што е многу ефикасен за таа состојба. На пазарот се појавија многу лекови, но луѓето мора да бидат свесни дека ништо од тоа не смеат да земаат на своја рака. Само лекар може да ви препише лек и да ја одреди дозата – раскажа пејачката.

Сека Алексиќ

Сека ја почнала терапијата во јануари и досега ослабела 22 килограми. Во секојдневието вклучила и редовна физичка активност: трипати неделно оди во теретана, а двапати неделно тренира бокс.

– Почнав да го земам лекот во јануари и досега ослабев 22 килограми. Почнав и да тренирам: трипати неделно во теретана и двапати бокс. Кожата се опушта, мора да се вежба. Цел живот сакав да ослабам, но никако не ми успеваше. Сакав да ослабам, ама сакав и да јадам – призна Алексиќ.

Но, заедно со пофалбите за изгледот, стигнале и критики. Пејачката вели дека ѝ е особено интересно што повеќето негативни коментари доаѓаат токму од жени, па се осврна и на женската солидарност за која често се зборува.

Сека Алексиќ

– Негативните коментари главно ги добивам од жени, и тоа од жени со семејства. На профилните фотографии се со своите деца. Таа женска солидарност за која се зборува не постои. Да изгледав исто како нив, можеби ќе ме сакаа и ќе ме сожалуваа, но сега кога изгледам подобро од нив, ништо од тоа – рече Сека.

Таа нагласи дека самата нема потреба да ги омаловажува другите жени, дури ни кога смета дека изгледаат подобро од неа. Напротив, во нив гледа инспирација, а како пример ја посочи манекенката Даниела Димитровска.

– Многу сакам да видам убава и згодна жена. На пример, кога ќе ја видам Даниела Димитровска, си посакувам никогаш да не застане до мене, бидејќи е позгодна. Многупати сум ѝ го напишала тоа на Инстаграм. Не знам зошто жените не сакаат да видат други убави жени. Кога јас ќе видам толку убава жена, си велам дека ќе се потрудам да изгледам како неа или да бидам уште поубава. Сигурно нема да седам и да ја мразам затоа што изгледа подобро од мене – порача пејачката.

Алексиќ јасно стави до знаење дека негативните коментари не ја спречуваат да ужива во резултатите од својот труд. За неа, туѓиот изглед може да биде поттик за работа на себе, а не повод за завист.


Извор: Story.rs

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Нови лица и познати агенти во деветтата сезона на „ФБИ“: Кој се враќа, а чие заминување е под прашалник?

Деветтата сезона на криминалистичката серија „ФБИ“ носи промени во актерската екипа. Миси …