Филмот „12 Dates of Christmas“ повторно ги спои Луси Хејл и Ијан Хардинг како љубовен пар на екранот, по нивната соработка во „Pretty Little Liars“. А дали би сакале повторно да работат заедно?
„Од твоја уста во Божји уши. Колку би било забавно тоа?“, рече Хејл (37) во ексклузивно интервју за Us Weekly.
Хардинг (40) со исто воодушевување зборуваше за нивната повторна соработка. „Беше прекрасно. Токму претходно зборувавме колку лесно повторно се вклопивме. Сè е ново — нов филм, нов сет, прв ден на снимање. Можеби има малку трема, но кај мене траеше околу седум секунди. Потоа едноставно ми беше убаво што сум повторно тука и што глумам со драга пријателка“, раскажа тој.
Хејл и Хардинг ја освоија публиката како Арија и Езра во „Pretty Little Liars“. Откако серијата заврши во 2017 година, двајцата не брзаа да најдат нов заеднички проект.
„Ова беше нашиот прв обид, а и последен. Не, се шегувам“, рече таа. „Ова ни беше прв обид. Секако, повремено бевме во контакт. Но живееме на спротивни краеви од земјата.“
Хејл додаде: „Едноставно мислев дека е совршен за оваа улога и се надевав дека ќе прифати“.
Хардинг со задоволство ја прифатил можноста повторно да се појави на екранот со неа. „Секако дека ми беше убаво да работам со Луси пред многу години. Знам и колку луѓето ја сакаат таа серија, а можеби и динамиката меѓу нас. Затоа не сакав да ја потрошиме таа можност на нешто бесмислено. Идејата ми се допадна затоа што си поигрува со одредени жанровски клишеа. Навистина сакав повторно да глумам со неа, а овој филм ни го овозможи тоа“, изјави тој.
„12 Dates of Christmas“ ја следи приказната за жена која ѝ дала предност на работата пред приватниот живот. Таа прифаќа да оди на 12 љубовни состаноци во текот на 12 недели пред Божиќ. Еден од мажите со кои има катастрофален состанок го игра Картер Џенкинс. За Хејл тоа било потсетување на минатото, бидејќи двајцата порано излегувале и во вистинскиот живот.
Извор: US Weekly