
Чарли Ханам и Лук Еванс ги предводат актерите во новата серија на Прајм видео, „Криминал“, за која е објавен првиот тизер.
Серијата е заснована врз графичките романи на Ед Брубејкер и Шон Филипс и носи испреплетени приказни од светот на криминалот.
Ќе биде објавена во два дела. Првиот, насловен „Кукавица“, има четири епизоди и пристигнува на 13 јануари 2027 година. Вториот дел, „Лолес“, исто така со четири епизоди, ќе биде достапен од 27 јануари 2027 година.
За што раскажува „Криминал“?
Приказната почнува со двајца пријатели, Лео Патерсон (Чарли Ханам) и Рики Лолес (Гас Халпер). Едниот се обидува да се извлече од криминалната средина во која пораснале, додека другиот очајно сака да тргне по стапките на својот татко, легендарен одметник. Кога постариот брат на Рики, Трејси (Лук Еванс), се враќа дома од војска, со него повторно испливува и трагичното семејно минато.
Во нивните животи се вплеткуваат и Грета (Адрија Архона), крадливка на автомобили со остар јазик од минатото на Лео, и Малори (Емилија Кларк), девојката на Рики, која стравува од тоа што тој е подготвен да направи за да се снајде. Престрелки, грабежи и трагични љубовни приказни го исполнуваат нивното секојдневие, но прашањето е дали некој ќе извлече жива глава.
Во серијата играат и Ричард Џенкинс, Кадим Хардисон, Џон Хокс и Логан Браунинг.
Меѓу гостинските актери се Мајкл Мандо, Гарет Хедлунд, Патрик Џ. Адамс, Пат Хили, Тејлор Селе, Алија Камачо, Марвин Џонс Трети, Мајкл Ксавиер, Доминик Берџес, Крис Дијамантопулос, Лоренс Као, Кејти Стивенс, Џон Пајпер-Фергусон, Роберт Ли Харт, Ајна Брејон и Кајл Дејвис.
Прв дел — „Кукавица“, 13 јануари
Семејни тајни, закопани со децении, излегуваат на виделина додека двајцата криминалци, Лео Патерсон и неговиот најдобар пријател Рики Лолес, ги прогонува убиство од нивното детство. Грабеж што тргнува наопаку ги соочува со минатото од кое не можат да побегнат.
Втор дел — „Лолес“, 27 јануари
Пред 20 години, Трејси Лолес ја избрал војската наместо затворот и никогаш не се свртел назад. Но кога неговиот брат Рики премногу ќе се заплетка со погрешни луѓе, Трејси мора да се врати во животот од кој избегал и да се соочи со вистинското значење на тоа да се биде дел од семејството Лолес.


Извор: Just Jared