По 12 години љубов, Николија Јовановиќ и Реља Поповиќ стапија во брак на начин што никој не го очекувал.
Двојката се венчала на прославата на 37. роденден на Николија. Реља ја изненадил со запросување пред гостите, а набргу потоа двајцата го кажале своето „да“. Никој од присутните не знаел дека роденденската забава ќе стане свадбена веселба, а изненадувањето било целосно и за самата Николија.

Пејачката неодамна се појави на настан во Белград, каде што првпат зборуваше за новото поглавје во животот и откри дека го зела презимето на сопругот.
– Поминаа 12 години, а секој има свое темпо и свој вистински момент. Ова беше нашиот, а за мене е најубавиот на светот. Не размислував како ќе реагира јавноста. Сега се презивам Поповиќ и сите ми велат дека сум се разубавела – раскажа Николија со насмевка.

Николија зборуваше и за отсуството на нејзината мајка, Весна Змијанац, од венчавката. Објасни дека сè било подготвено како изненадување, па никој не знаел што се планира. Со мајка ѝ подоцна се собрале на заеднички ручек.

Пејачката призна дека немала трема, бидејќи до последниот момент не знаела дека ја очекува запросување. Особено ја радува тоа што нивните ќерки биле присутни на овој посебен настан и биле пресреќни поради венчавката на родителите.
Извор: Story.rs