Home Живот и здравје Малиот црн фустан секогаш е во мода: класика што лесно добива нов изглед

Малиот црн фустан секогаш е во мода: класика што лесно добива нов изглед

Малиот црн фустан е меѓу модните класици на кои им се навраќаме секоја сезона. Иако во основа е едноставен, неговите изведби се далеку од еднолични. Сведени кроеви, необични изрези, асиметрични детали и впечатливи текстури му даваат различни лица на ова парче што секогаш наоѓа место во гардеробата.

Неговата голема предност е што лесно се вклопува во различни пригоди и стилови. Со рамни чевли и едноставна чанта може да биде дел од опуштена секојдневна комбинација, а со салонки, високи чизми или впечатлив накит добива сосема поинаков изглед.

Мал црн фустан

Мал црн фустан

Зошто малиот црн фустан не излегува од мода?

Тајната на неговата долговечност е во едноставноста и во можноста да се приспособи на различни стилови. Црната боја им остава простор на дизајнерите за различни решенија, па секоја сезона носи нови толкувања на оваа класика. Понекогаш во преден план се кројот и силуетата, а понекогаш текстурата на материјалот или деталите што му даваат посебен печат на фустанот.

Уште една негова предност е што не зависи од минливите трендови. Може да изгледа минималистички и ненаметливо, но и мошне впечатливо, зависно од кројот и од начинот на комбинирање. Токму затоа останува едно од парчињата на кои им се враќаме и откако ќе се сменат сезонските трендови.

Мал црн фустан

Како стана модна класика?

За популарноста на малиот црн фустан каков што го познаваме денес е заслужна Коко Шанел. Во 1926 година таа претставила едноставен модел што го променил дотогашното гледање на црната боја во женската мода. Во тоа време црната облека најчесто се поврзувала со жалост и со формални пригоди. Шанел ѝ дала ново значење, претворајќи ја во симбол на модерност и ненаметлива елеганција.

Неколку децении подоцна, Одри Хепберн дополнително го прославила малиот црн фустан во филмот „Појадок кај Тифани“ од 1961 година. Фустанот што го дизајнирал Ибер де Живанши станал еден од најпрепознатливите костими во филмската историја и останал важна референца за безвременска елеганција.

Фустан-сако за елегантен изглед

Фустанот-сако ги спојува јасно обликуваните линии на сакото со силуетата на фустанот, давајќи ѝ посовремен израз на класичната црна боја. Реверите, нагласените раменици и украсното закопчување го прават интересен избор за оние што сакаат прецизни кроеви и облека со изразен карактер.

Зависно од деталите, фустанот-сако може да биде минималистички или да стане главниот акцент на комбинацијата. Едноставните чевли и дискретниот накит го истакнуваат неговиот крој, додека високите чизми внесуваат посмела нота во изгледот.

Мал црн фустан

Мал црн фустан


Извор: Lepota i Zdravlje

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Фиренца низ очите на Марија Богдановиќ: ренесансна уметност, тоскански вкусови и уживање без брзање

Актерката Марија Богдановиќ ги споделува впечатоците од продолжениот викенд во Фиренца — г…