
Бил Мареј отворено проговори за својот однос кон славата и призна дека таа сама по себе не го прави среќен.
Актерот, кој има 76 години, се појавува во новата документарна серија за голф A Course in Ireland, веќе достапна на Paramount+. Серијата го следи ѕвездата на Caddyshack и неговиот пријател, писателот Том Којн, додека патуваат низ Ирска и играат голф.
Меѓу гостите се Џејсон Келси, двајца браќа на Мареј и Крис О’Дауд.
Во четвртата епизода, член на екипата го прашал актерот дали го прави среќен тоа што е славен.
Според People, Мареј се насмеал и одговорил: „Со еден збор — не“.
„Не е лесно. Постојано доаѓам до нови сознанија за тоа како ја прифаќам славата и како да се справам со неа. Не е за секого, но таа ме доведе и до ова место, знаете“, продолжил тој.
Сепак, во славата гледа и една голема добра страна: „Многу луѓе имаат убави чувства кон мене и ми велат: ‘Знаеш што? Твојот филм ме насмеа кога минував низ навистина тежок период’“.
Мареј вели дека е прекрасно што толкупати слушнал такви зборови, но нагласува дека славата не е за секого и дека „не е ни таква каква што ја очекувате“.

Актерот зборувал и за начинот на кој се однесува како јавна личност.
„Мислам дека познатите луѓе можат да одлучат дека постои одреден начин на кој ќе ја играат улогата на славна личност, знаете?“, забележал тој.
На прашањето како самиот избира да ја „игра“ славата, ѕвездата на Ghostbusters признал дека „не е баш пријатен“.
„Тоа може и да се види“, рекол Мареј. „Не сум по таа претерана љубезност. Кога би бил обичен граѓанин и би се однесувал вака како што се однесувам, веројатно ќе имав многу повеќе исеченици и модринки“.
Извор: Just Jared