
МЕОВВ (MEOVV) сè позабележливо се пробива на светската кеј-поп сцена. Покрај новата музика, петте членки споделуваат и лични детали што им овозможуваат на обожавателите подобро да ги запознаат.
Групата ја сочинуваат Суин, Гавон, Ана, Нарин и Ела, а дебитираше во септември 2024 година под закрилата на THEBLACKLABEL. Компанијата ја основа продуцентот Теди Парк, познат по соработките со изведувачи како BLACKPINK и 2NE1.
Името на групата произлегува од изразот „My Eyes Open Wide“, односно „Моите очи се широко отворени“. Членките потекнуваат од Јужна Кореја, САД и Јапонија.
На 12 октомври МЕОВВ го објави новиот сингл-албум GO HARD, во издание на THEBLACKLABEL и Capitol Records.
Изданието содржи две песни — насловната „GO HARD“ и „Indestructible“. Во пишувањето на песните учествуваа Нарин, Гавон, Ела и Ана.
Песните зборуваат за созревањето, надминувањето на предизвиците и стекнувањето самодоверба. Новото издание доаѓа по јунското ЕП BITE NOW, кое стигна до седмото место на листата на „Билборд“ за светски албуми.
„Силни сме, самоуверени и кул, но имаме и моменти кога се чувствуваме ранливо или се соочуваме со предизвици“, изјави Ела по повод новото издание.
„Сакаме МЕОВВ да биде група што ги прифаќа и подемите и падовите во животот, за нашите обожаватели навистина да се препознаат во нашата музика и да почувствуваат искрена поврзаност со нас. Се надеваме дека нашите песни ќе допрат до нивните срца.“
Покрај новата музика, членките во ексклузивното претставување за „Џаст Џаред“ споделуваат и занимливости за себе — од омилените славни личности и телевизиски серии, до неочекуваните таленти, вкусовите за храна и спомените од детството.
Извор: Just Jared