Дав Камерон уште долго пред венчавката со Дамијано Давид знаела дека сака Кени Ортега да ја води свадбената церемонија.
Таа и Ортега се запознале за време на подготовките за снимањето на оригиналниот филм на Дизни канал, „Наследници“, во кој Камерон ја толкувала главната улога на Мал.
Ортега бил режисер, кореограф и извршен продуцент на сите три филма од трилогијата „Наследници“, објавени од 2015 до 2019 година.
Тој е познат и како режисер и кореограф на трилогијата „Средношколски мјузикл“, како и на филмовите „Девојките Чита 2“, „Њузис“ и „Хокус покус“. Работел и како кореограф на повеќе филмски класици од осумдесеттите, меѓу кои „Валкан танц“, „Убава во розово“ и „Слободниот ден на Ферис Бјулер“.
Во разговор за „Коветер“, Камерон полушеговито го објаснила својот избор: „Кој е поголем шоумен од Кени Ортега?“
Извор: Just Jared