Хилари Даф објави нов сингл „CATastrophe“ за новиот филм „Мачорот во шапка“
Хилари Даф изненадување – таа издава нова песна ОВАА недела!!
39-годишната пејачка и актерка изненадувачки го најави својот нов сингл, „CATastrophe“, кој ќе биде дел од претстојниот филм Мачорот во шапка, и ќе биде објавен во петок (2 октомври).
„Еј, имам девет животи, ајде да го искористиме еден вечерва…“ сподели таа со тизер за песната и видеото на Инстаграм во среда (30 септември), само два дена по нејзиниот роденден.
Во краткото видео, Хилари влегува во соба за да распакува кутии и кога отвора една од нив, извлекува иконската црвено-бела пругаста шапка што ја носи Мачорот од Др Сус!
Целосно новиот анимиран филм Мачорот во шапка ќе биде прикажан во кината на 6 ноември, со гласовите на Бил Хејдер, Сочитл Гомез, Мет Бери, Квинта Брансон и Паула Пел, а ќе се појават и Тиаго Мартинез, Џанкарло Еспозито, Америка Ферера, Боен Јанг и Титус Бургес.
Возбудливата вест за новиот сингл доаѓа по најавата на Хилари за повеќе датуми за турнејата The Lucky Me Tour за 2027 година, како и веста дека ќе настапува на одредени датуми од овогодинешната iHeartRadio Jingle Ball Tour.
Извор: Just Jared