Почна септември, а прашањето е: колку нешта ќе направиш овој месец за себе, а не само за сите други?
Пред есента целосно да го преземе градот, ова е вистинскиот момент за мали планови што ќе ти го подобрат расположението, ќе ти го разубават секојдневието и ќе ти помогнат во новата сезона да влезеш со чувство дека си направила нешто убаво за себе.
Заборави на класичните списоци со обврски. Оваа септемвриска листа со задачи е многу поинтересна: малку средување, малку уживање, неколку спонтани одлуки и барем една работа поради која ќе си помислиш: „Зошто не го направив ова порано?“