Кога летото би било овошје, дефинитивно би било големо парче разладена лубеница, извадено директно од фрижидер.
Сепак, не станува збор само за слаткиот вкус, туку и за нејзината хранлива вредност. Познато е дека лубеницата има значајни придобивки и за кожата и за косата. Екстрактот од семки од лубеница е исклучително хидратантен, а истовремено содржи есенцијални масни киселини кои придонесуваат за сјаен изглед. Покрај тоа, како и самото овошје, козметичките производи со лубеница не само што имаат прекрасен мирис, туку делуваат и смирувачки на иритираната кожа.
Иако август е при крај, решивме да издвоиме осум козметички производи со екстракт од лубеница, бидејќи со нив летото никогаш не завршува! Од серум за лице во форма на стик и масло за сончање со заштитен фактор до маски за лице и пределот околу очите – овие производи ги задоволуваат сите ваши потреби.