“`html
ЛИМОНАДА СО КУРКУМА – НАЈДОБАР ПРИРОДЕН ЛЕК ЗА ДЕПРЕСИЈА
Депресијата е нарушување на расположението што се карактеризира со широк спектар на симптоми кои варираат од личност до личност. Денес, депресијата е многу честа, а повеќето луѓе кои се заболени од депресија можат да водат здрав и активен живот доколку правилно се лекуваат.
Од друга страна, депресијата може да биде и опасна по живот, па затоа помошта е неопходна.
Овој рецепт за лимонада со куркума покажал одлични резултати како природен лек што ќе помогне во борбата против депресијата.
Знаци и симптоми на депресија:
- “Празни” чувства, меланхолија
- Чувства на беспомошност
- Чувство на вина
- Немир и раздразливост
- Замор и намалена енергија
- Неможност за концентрација и носење одлуки
- Несоница или прекумерно спиење
- Обид за самоубиство
КУРКУМА
Природата ја благословила куркумата со способност да се бори против поголемиот дел од болестите. Исто така, таа може да помогне во спречување на трансформација на клетките и развој на канцерогени клетки. Помага при Алцхајмерова болест и во борбата против рак на кожата, намалува LDL холестерол и многу друго. Куркумата се користи за нарушувања на желудникот, артритис, болести на црниот дроб, хепатитис итн.
КАКО КУРКУМАТА СЕ БОРИ СО ДЕПРЕСИЈАТА?
Постојат неколку методи и многу лекови за борба против депресијата. Познато е дека лековите можат да предизвикаат сериозни несакани ефекти од кои се најзначајни: тешко дишење, самоубиствени ефекти и крварење во стомакот.
Истражувањата спроведени за куркума откриле дека активниот состојка куркумин, кој е присутен во коренот на растението, е ефикасен против големо депресивно нарушување, на ист начин како и најмоќните лекови. Но, куркумата не ги предизвикува несаканите ефекти кои доаѓаат заедно со лековите.
РЕЦЕПТ ЗА ЛИМОНАДА СО КУРКУМА
Состојки:
- 4 чаши ладна филтрирана вода или газирана вода
- 2 лажици свежо рендана куркума или куркума во прав
- 4 лажици 100% јаворов сируп, мед или стевија
- Сок од 1 ½ лимон или лимета
- Опционално: додадете сок од 1 портокал
Постапка:
Измешајте ги сите состојки и послужете со парче лимон како украс.
“`