Ако постои момент кога модата изгледа најзабавно, тогаш тоа е пролетта – сезона кога гардеробата конечно се ослободува од тешките слоеви, а уличниот стил станува поинспиративен од кога било.
Оваа сезона, модната сцена има јасни фаворити, а стилските девојки од Париз до Копенхаген веќе одлучија кои парчиња доминираат во нивните аутфити. Добра вест? Станува збор за трендови кои лесно се вклопуваат во постоечката гардероба, а на секој изглед му даваат оној фешн девојка ефектот без многу труд.
Во продолжение откриваме четири клучни парчиња кои моментално ги носат апсолутно сите it-девојки – и кои ќе го подигнат вашиот пролетен стил на сосема ново ниво.
ПАРЧИЊА СО ЧИПКА
Ако едно естетско расположение би можело да ја дефинира оваа модна сезона, тоа без сомнение би била чипката. Деликатна, романтична и софистицирана, се враќа во голем стил преку slip фустани, сатенски топови и панталони со суптилни чипкасти детали. Овој тренд носи доза женственост и луксуз дури и на наједноставните комбинации, поради што е омилен меѓу модните инсјадирки.
KITTEN HEELS
Најпопуларните чевли на моментот се уште се непогрешливите kitten heels. Нивната популарност не стивнува веќе сезони, а причината е јасна – ги спојуваат елеганцијата на високите потпетици со удобноста што ги прави носиви од утро до вечер. Совршен избор се за работа, brunch, вечерно излегување или било кој момент кога аутфитот треба да изгледа chic без преголем напор.
ПРУГЕСТИ ТОПОВИ
Додека цветните мотиви стандарно владеат пролетта, оваа година им прави сериозна конкуренција принтот што модната сцена го обожава – пругии. Од rugby маици до шарени тенки џемпери и топови, пругестите парчиња доживуваат голем камбек. Дејствуваат свежо, разиграно и effortlessly cool, а токму поради тоа станаа неизбежен дел од гардеробата на најстилизираните жени.
ЦИГАРЕТ ФАРМЕРКИ
Денимот е вечен класик, но оваа сезона особено се истакнува еден модел: cigarette jeans. Овие фармерки совршено балансираат меѓу опуштеноста и елеганцијата, благодарение на тесниот, но не премногу прилепен крој кој ласка на фигурата и изгледа софистицирано со речиси сѐ – од балетанки до блејзери. Токму затоа сега ги гледаме насекаде.
Едно е сигурно – ако целта оваа сезона е гардероба што изгледа модерно, промислено и тренди без многу компликации, овие четири парчиња се најдобрата можна инвестиција. Зашто понекогаш е доволно само неколку вистински трендови да цел стил изгледа како да доаѓа директно од Pinterest board на најстилските девојки на интернет.