Францускиот маникир одамна не е резервиран само за класичните, бели врвови и „safe” beauty избори.
Оваа сезона се враќа во голем стил – но во многу помодерна, позабавна и далеку повпечатлива верзија. Од модните писти до Instagram feed-овите на најстилските девојки, јасно е дека french mani повторно е во центарот на вниманието, само сега со многу повеќе карактер и креативност.
Некогаш синоним за минималистичка елеганција, францускиот маникир денес добива сосема ново лице преку ефективни детали, неочекувани линии и разиграни nail art моменти кои го претвораат во вистински beauty statement. Сè уште ја задржува својата препознатлива софистицираност, но сега доаѓа со доза разиграност која му дава сосема свежа енергија.
Во тренд се chrome french варијанти со огледало ефект, ултра-тенки micro french обрви, графички линии кои изгледаат како мали уметнички дела, но и романтични цветни мотиви, срца, апстрактни swirls и геометриски детали кои на класичниот френч маникир му даваат сосема нова димензија. Особено се издвојуваат и double french верзии со двојни линии, како и mix & match маникири каде секој нокт носи различен дизајн – за максимално шик, но и ладен ефект.
Она што го прави овој тренд толку популарен е фактот што успева да ги спои најдобрите од двата света: безвременската елеганција на класичниот маникир и модерната естетика на трендовскиот nail art. Резултатот? Маникир кој изгледа луксузно, fashion-forward и доволно впечтливо за да привлече комплименти каде и да се појави.
Ако постои beauty детал што оваа сезона моментално го подига секој изглед и му дава „it girl” vibe, тоа е именно францускиот маникир со креативен twist.
Во галеријата откријте ги 15-те најубави french маникир идеи кои ќе ве инспирираат за следното одење во салон.