Ви претставуваме многу едноставен рецепт за масло за сончање кое можете да го направите сами.
Ова природно масло всушност е мацерат за сончање бидејќи се добива со додавање растенија во маслиново масло.
За подготовка потребно ви е:
- 3 децилитри маслиново масло,
- 2 моркови
- 6-7 млади ореви.
Земете стаклена тегла и во неа изрендајте два моркови, исечканите ореви и прелијте ги со маслиново масло. Добро затворете и оставете да отстои најмалку 40 дена на сонце. Повремено промешајте го содржината. По четириесет дена, процедете ја смесата и маслото ставете го во шише.
Ова природно масло не штити од штетните сончеви зраци, односно, неговиот заштитен фактор е само два. Пред да го нанесете маслото, заштитете се со крема со заштитен фактор, па по половина час нанесете го на кожата. Веќе по два дена ќе забележите дека вашата кожа е значително потемнета.
Благодарение на состојките во маслото, вашата кожа ќе биде мека и нахранета.