Home Љубов и секс Правилото 3-3-3 во запознавањето: трик што може да ви заштеди време и нерви

Правилото 3-3-3 во запознавањето: трик што може да ви заштеди време и нерви

Во ерата на брзи пораки, уште побрзи емоции и бесконечни опции, лесно е да се изгубите кога се работи за односи.

Токму затоа „правилото 3-3-3“ стана вирално – едноставно, логично и изненадувачки корисно. Овој концепт, кој често го споменуваат и во текстовите на Psychology Today, не служи да го направи дејтингот тест, туку да ве потсети на нешто важно: да застанете и проверите како навистина се чувствувате.

Три фази. Три моменти за искрен разговор со себе.

НАКОН 3 СРЕДБИ: ПРВ РЕАЛЕН ВПЕЧАТОК

Првиот дејт може да биде измамлив. Вториот – сѐ уште е малку „глумиме“. Но до третиот состанок, маската почнува полека да паѓа.

Во оваа фаза прашањето е едноставно, но клучно: Дали сакате да продолжите да ја запознавате оваа личност? Не се работи за големи одлуки, туку за чувство. Дали ви е пријатно? Дали постои искра – или само навика?

НАКОН 3 НЕДЕЛИ: РЕАЛНОСТА ВЛЕГУВА ВО ПРИКАЗНАТА

По неколку недели, нештата веќе не се само романтични состаноци. Почнуваат да се вовлекуваат мали делови на секојдневието и веќе ја гледате пореалната слика.

Сега себеси поставете малку подлабоки прашања:

  • – Дали привлечноста сѐ уште е тука или се појавуваат сомнежи?
  • – Дали вашите основни вредности се поклопуваат?
  • – Дали постои нешто што ве тивко „жули“?

Ова е фазата во која интуицијата почнува да зборува погласно. Немојте ја игнорирати.

НАКОН 3 МЕСЕЦИ: БЕЗ ФИЛТРИ

Три месеци подоцна, почетната еуфорија се смирува. Пеперутките не исчезнале – но повеќе не се единствениот водич. Веќе имате реален увид: ја видевте таа личност во различни ситуации, можеби дури и под стрес.

Клучните прашања сега се:

  • – Дали постои подлабока компатибилност?
  • – Можете ли отворено да комуницирате?
  • – Како ги решавате недоразбирањата?
  • – Дали сте посреќни со таа личност или без неа?

Во оваа фаза, односите или преминуваат на посериозно ниво… или природно се разидуваат.

ПОЕНТАТА КОЈА МЕНУВА СЀ

Правилото 3-3-3 не е тест за другата личност туку мал reality check за вас. Не мора да чекате „точен рок“ за да кажете што чувствувате. Комуникацијата нема календар. Но, овој метод ви помага да не брзате и да не останувате предолго таму каде што не ви е добро.

Со една реченица: Застанете. Осеќајте. Размислете. Па дури потоа одлучете. Зашто во свет каде сѐ е брзо, вистинската поврзаност сепак бара малку свесност.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Љубов и секс
Comments are closed.

Check Also

Како детството тајно ги режира вашите љубовни избори: софистицирана психологија на привлечноста која ретко ја забележувате

На прв поглед, како да љубовта се случува спонтано – хемија, заеднички интереси, нео…