Home Мода и убавина Меган Маркл носи јакна од ЗАРА која ќе стане вашиот омилен пролетен примерок

Меган Маркл носи јакна од ЗАРА која ќе стане вашиот омилен пролетен примерок

Кога пролетта едвај почнува да се наѕира, облеката влегува во онаа интересна преодна фаза кога тешките капути одат на дното на плакарот, а полесните, софистицирани горни парчиња ја превземаат главната улога.

Токму тогаш на сцена стапуваат универзални парчиња што можете да ги носите речиси секој ден – токму како палтото што неодамна го избра Меган Маркл. Војвотката од Сасекс се појави во исклучително елегантно, но и изненадувачки достапно парче од колекцијата на брендот Зара – палто што совршено балансира меѓу безвременска елеганција и секојдневна практичност.

За време на неодамнешната посета на Јордан, каде што заедно со принцот Хари имаше низа јавни појавувања, вниманието не го привлече со екстравагантен моден избор – напротив. Нејзината комбинација беше олицетворение на современ минимализам.

На фотографиите се гледа дека Меган носи кратка горна облека во стил “cape”, изработена од мешавина на волна, со подигнато јака во елегантна сива нијанса. Токму ваквиот модел совршено се вклопува во пролетните комбинации и лесно следи различни стилови – од опуштен дневен изглед до пософистицирани аутфити.

Станува збор за безвременско парче кое не зависи од моменталните трендови – тоа е секогаш релевантно. Затоа претставува инвестиција во гардеробата која ќе ја носите од сезона во сезона. Инаку, ова не е првпат Меган Маркл да избере парче од колекцијата на брендот Зара. Иако најчесто ја гледаме во луксузни креации на престижни модни куќи, војвотката повремено избира и достапни парчиња кои докажуваат дека стилот не мора нужно да доаѓа со висока цена.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Нокти со пирсинг: Мал детаљ што го менува маникирот

Ако сакате експерименти и иновативни трендови, новиот nail art потег кој ги фасцинира модн…