Ако сакате експерименти и иновативни трендови, новиот nail art потег кој ги фасцинира модните ентузијасти е – пирсинг на нокти.
Замислете класичен маникир, но со мали метални детали кои додаваат edgy и софистициран штик. Минимално вложување, максимален ефект.
За ваков изглед ви требаат само мали метални топчиња или синџирчиња за нокти. Нивното распоредување може да имитира различни стилови на пирсинг, од дискретни до драматични. Најпопуларниот избор е поставување две мали топчиња паралелно – едноставно, но впечатливо.
Трендот може да се прилагоди според вашиот стил: комбинирајте го со деликатен француски врв, мат завршница, или дури со шарени airbrush ефекти. За љубителите на минималистичкиот стил, доволно е неколку дискретни детали на неутрални нокти за целиот маникир да добие модерен и софистициран карактер.
Овој тренд е совршен за сите кои сакаат да го освежат својот изглед со мал, но ефикасен детал – ноктите повеќе не се само додаток, туку вистинско уметничко платно.
Во галеријата погледнете инспиративни предлози.