Петнаесет спектакуларни дебија на чело на најголемите модни куќи веќе најавија каква естетика ќе доминира во сезоната пролет/лето 2026.
Сега е време да ги откриеме парчињата кои ќе преминат од модните писти директно во нашата секојдневна гардероба и ќе станат вистински “hero pieces” – клучни модни адути на сезоната.
Дизајнери како Матје Блазија за Шанел, Џек Мекалаф и Лазар Ернандез за Лоеве, како и Ентони Вакарело за Сен Лоран, отворија врати за посмел израз и експериментирање со стилот.
Пролетта 2026 не носи само трендови – носи нова дефиниција на класиката. Класична бела маица и црни панталони отстапуваат место на парчиња со карактер, боја и моден став.