“`html
Освежителна лимонова торта
Освежителна, вкусна и диетална. Пробајте ја лимоновата торта.
Состојки:
- 1 мала лажичка прашок за печење
- ½ мала лажичка сол
- 1 чаша стопен путер на собна температура
- 1 чаша шеќер, плус ¼ чаша за глазура
- 4 јајца
- 2 мали лажички ванила екстракт
- ¼ чаша лимонов сок
- ¼ чаша сок за тортата и сируп и 2 лажици за глазура
- ½ чаша јогурт
- Кора од 1 лимон
- ½ чаша шеќер во прав
За подготовка на тортата потребни ви се 120 минути.
Подготовка:
- Во мала чинија измешајте брашно, прашок за печење и сол.
- Во чинија од миксер, додадете го растопениот путер и шеќер и изматете додека не добиете мазна смеса. Потоа, додадете ги јајцата, едно по едно, и ванилата.
- Внимателно додадете ги сувите состојки и мешајте за да се изедначи смесата. Додадете го лимоновиот сок, кората и јогуртот и мешајте со миксер на ниска брзина. (Путерот нема да биде целосно стопен, но тоа е во ред)
- Сипајте ја смесата во калап (22 см) претходно намазан со путер и посипан со брашно.
Печете на 160°C, околу 75-90 минути.
За сируп:
Измешајте ¼ чаша лимонов сок и ¼ чаша шеќер додека шеќерот не се стопи.
За прелив:
Додадете лимонов сок во шеќерот во прав додека не добиете саканиот прелив. Додека тортата е топла, прелијте ја со сирупот и посипете ја со глазура. Служете ја тортатата топла или на собна температура.
“`