Пролетта веројатно е најнепредвидливиот период кога станува збор за облекување. Утрината се студени, на пладне температурите нагло се зголемуваат, а веќе до вечер пак ви е потребна лесна јакна или капут. Таквите температурни промени често го отежнуваат секојдневното стилизирање, но едно паметно решение постои – добро осмислена capsule гардероба.
Кога гардероберот е организиран околу неколку внимателно одбрани парчиња кои лесно се комбинираат, пролетниот аутфит станува едноставен, практичен и секогаш елегантен.
Суштината на capsule гардеробата се крие во безвременските модели кои функционираат во различни комбинации. Замислете удобни фармерки, квалитетни маички, класична пролетна горна облека и функционални аксесоари што ве придружуваат од утринското кафе до вечерното излегување.
Во галеријата откриваме парчиња што би требало да ја сочинуваат основата на вашата пролетна capsule колекција.