Не постои подобар начин да изгледот добие моментална доза на елеганција од еден суптилен, но моќен детаљ – бисерите!
Веќе илјадници години симбол на аристократијата, богатството и безпрекорната софистицираност, бисерите ги украсувале ушите и вратовите на царевите, кралевите и дамите од високото општество. Од легендарната Одри Хепберн во “Појадок кај Тифани”, преку првите дами како Џеки Кенеди, па до принцезата Дајана, бисерите ги освоиле срцата на жените и останале вечен класик во модната колекција на секоја дама.
Во 1920-ите, Коко Шанел го револуционизираше светот на модата со нејзината љубов кон лажните бисери, воведувајќи ги во комбинации со нејзините парчиња и креирајќи слоевити, предимензионирани комбинации кои веднаш станаа хит. Шанел не застана само на класичните ѓердани и обетки – бисерите украсуваа чанти, јакни, па дури и фустани, создавајќи гламурозен и моќен моден израз. Модерната интерпретација на овој тренд се гледа и на пистите на Симон Роча, каде перлите ги украсуваат кошулите, копчињата и впечатливите чанти, додека многу брендови ги користат за креирање на комплетен изглед – од појаси до истакнати аксесоари.
Покрај Коко Шанел, уште една дизајнерка ги внесе бисерите во модниот свет и направи вистински бум: Вивиен Вествуд во 1990 година го претстави нејзиниот култниот “Three Row Pearl Bas Relief Choker”, кој моментално стана хит, спојувајќи елеганција со карактеристичната панк нота на нејзиниот бренд.
Како да носите бисери денес?
Бисерите се вечни, ја ласкаат секоја боја на кожа и се совршени за жени од сите генерации. За максимален ефект, не морате да се ограничите само на класичните ѓердани или обетки. Комбинирајте ги со кошули и џемпери со вез од бисери, избирајте чанти и очила за сонце украсени со овој луксузен детаљ и вашиот изглед веднаш ќе добие софистицирана нота. Една мала перла може да направи чуда – затоа овој тренд е совршен начин да секој ваш појава биде шик, модерен и незаборавен.
Во галеријата, погледнете ги шик парчињата кои ќе го разубават секој ваш стајлинг.