Обликот на љубовта: Tezenis колекција за Денот на вљубените што ги слави сите нијанси на женственоста
За Денот на вљубените, брендот Tezenis претставува специјална капсулна колекција која ја слави љубовта во сите нејзини облици и нијанси – од нежна романтика до смел гламур.
Колекцијата е замислена така што ѝ овозможува на секоја жена преку омилените модни парчиња да ја изрази својата уникатна личност и моментално расположение.
Колекцијата е поделена на два стила кои се надополнуваат и создаваат совршена рамнотежа:
Girly Set, инспириран од темата „Нежна женственост“, ја акцентира деликатноста преку романтични детали како сатенски машни, фина чипка и украсен накит. Пастелните нијанси во комбинација со студени тонови креираат свеж и софистициран изглед, а самите парчиња зрачат со леснотија и елеганција.
Од друга страна, Dark Glam претставува моќен и самоуверен израз на женственоста. Силуетите се структурални, со нагласени линии, металик елементи и декоративни ремчиња, со што се постигнува совршен спој на гламур, сила и суптилен романтизам. Овие модни парчиња се наменети за жени кои сакаат да експериментираат со стилот, но и да се чувствуваат привлечни и моќни во секој момент.
Преку ова двојно толкување на љубовта, Tezenis ги повикува сите жени преку модата да го изразат она што ги прави посебни. Оваа колекција не е само облека – таа е начин да блеснете, да се забавувате со стилот и да ја покажете вашата личност преку секој детал. Без разлика дали преферирате нежни, романтични естетики или смели, гламурозни изгледи – оваа капсулна колекција ветува дека ќе го направи Денот на вљубените моден спектакл.